Доменикали: Следната сезона сакаме една третина од Гран при со спринт
- Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за тркачкиот календар за сезоната 2022 година.
Лондон, 4 октомври 2021 (МИА) – Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали зборуваше за тркачкиот календар за сезоната 2022 година.
- Очекуваме да бидат извозени 23 рунди. Главната раб ота е да го пронајдете вистинскиот ритам. Нема да откријам детали, но можам да ве известам дека следното првенство ќе започне кон средината на март и ќе заврши кон средината на ноември. Оваа година спроведуваме три тест фази со спринт за да дојдеме до вистинските решенија за во иднина. Огромното мнозинство реакции се супер позитивни. Промоторите се многу среќни, добиваме позитивни повратни информации. Можам да ви кажам дека нема да спроведуваме спринт квалификации насекаде. Сакаме да поминеме околу една третина од етапите на овој начин, изјави Доменикали.
До крајот на Светскиот шампионат во Формула 1 за сезоната 2021 остануваат уште седум трки. зс/