• сабота, 23 ноември 2024

Долф Лундгрен се ожени вторпат

Долф Лундгрен се ожени вторпат

Стокхолм, 20 јули 2023 (МИА) - Познатиот шведско-американски глумец од акционите филмови, Долф Лундгрен се ожени со својата 39 години помлада девојка, Норвежанката Ема Крокдал. Во заедничка изјава за медиумите, двојката сподели како решиле да се венчаат на грчкиот остров Миконос, каде што имаат и своја вила и свадбата била скромна - само со семејството и неколку најблиски пријатели.

- Поради пандемијата и болничкото лекување, моравме да го поместиме датумот неколкупати, вели Лундгрен, имајќи ја предвид својата болест.

Имено, Долф (65) неодамна откри дека веќе осум години се бори со рак на белите дробови и оти за тоа најверојатно е виновна неговата употреба на стероиди.

- Кога бев во Шведска, имав проблеми со стомачната киселина... Не знаев од што е тоа, а потоа најдоа повеќе тумори во делот кај бубрезите и црниот дроб, рече тој во една прилика.

Особено проблематичен бил туморот во црниот дроб, што пораснал до големина на лимон. Лекар му рекол дека му остануваат само уште две до три години живот.

- По неговиот глас може да кажам дека мислеше и на помалку. Си мислев „тоа е тоа“. Имав е**но одличен живот. Живеев пет животи во еден. Така што не бев огорчен поради тоа, додава глумецот.

Долф потекнува од Стокхолм, Шведска. Со поранешната сопруга Анет Квиберг има две ќерки - Ајда Сигрид Лундгрен (27) и Грета Евелин Лундгрен (22).  си/сд/

Фото: Инстаграм, фотоисечок од објавата.

Остани поврзан