Документарецот „Приказната за Силјан" прикажан во 15-ина града во Македонија
- Продукцијата „Кино Балкан" соопшти дека во изминатиот период дистрибуира македонски и филмови од регионот, меѓу нив и документарниот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, кој е прикажан во повеќе од 15 града во Македонија.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Продукцијата „Кино Балкан" соопшти дека во изминатиот период дистрибуира македонски и филмови од регионот, меѓу нив и документарниот „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, кој е прикажан во повеќе од 15 града во Македонија.
- Филмот соборува рекорди како по број на гледачи така и по број на места на кои е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето нови региони и културни центри овозможувајќи филмот да допре до секој гледач, до секое ќоше од републиката притоа овозможувајќи оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на земјата - информира „Кино Балкан“.

Во иднина планира и организирани проекции за основни и средни училишта во државата активно воведувајќи го филмското дело како дел од образовниот систем по примерот на европските земји.
- Време е македонскиот филм да го добие вистинското место во киносалите во Македонија и да добие вистински третман. Време е македонскиот филм да ѝ се врати на македонската публика - се наведува во соопштението. хс/са/
Фото: „Кино Балкан“