• сабота, 14 февруари 2026

Прогласени најдобрите раскази на натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“

Прогласени најдобрите раскази на натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“

Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - Првото место на натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“ го освои Софија Гакова од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ од Битола со приказната „Под маската на трагедијата“. Второнаграден беше Јован Станковски од СУГС „Орце Николов“ од Скопје со расказот „Доживотен пар“, додека, третото место му припадна на Кирил Китевски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен за приказната „De iure Romanorum“.

Наградените трудови беа прочитани на завршниот настан што се одржа денеска во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет, како дел од активностите за одбележување на 105-годишнината од основањето на Факултетот.

Покрај наградените, на завршниот настан беа прочитани и трудовите што влегоа во потесниот избор, меѓу кои: „Луциус и проклетството на езерото“ од Теодора Танаскоска (Струга), „Маркус и Јулија“ од Теодора Коваческа (Струга), „Приказна за војна и мирот“ од Лина Имери, Скопје – Средно училиште „Зеф Љуш Марку“, „Правда и праведност во Хераклеа Линкестис“ од Ена Крстеска, ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“, Битола, „Пехар меѓу животот и смртта“ од Јована Димитровска, СОУ „Методи Митевски – Брицо“, Делчево, „Девојката со богата душа“ од Нела Јовановска, СОУ „Методи Митевски – Брицо“, Делчево, „Калата – подводна мистерија“ од Јана Димитровска, СОУ „Миле Јаневски – Џингар“, Македонска Каменица, „Жедната Гортинија“ од Костадин Узунов, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија, „Маката на Афродита“ од Изабела Димков, ССОУ „Димитрија Чуповски“, Велес, и „Охрид – лулка на ранохристијанското и античко богатство“ од Инес Стојмановска, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово. 

На конкурсот годинава учествувале 49 ученици кои имале задача да направат фотографија на антички локалитет, артефакт или оригинална уметничка фотографија инспирирана од антички мотиви и врз основа на фотографијата да напишат кратка оригинална приказна.

Стручната комисија за избор на најдобрите беше составена од професорите Ратко Дуев, Валери Софрониевски и Светлана Кочовска Стевовиќ.

Галеријата од настанот можете да ја видите тука.ар/паг/

Фото: МИА 

Остани поврзан