• петок, 13 февруари 2026

„Вино и поезија“ петти пат се одржа во градската библиотека во Кавадарци

„Вино и поезија“ петти пат се одржа во градската библиотека во Кавадарци

Кавадарци, 13 февруари 2026 (МИА) - „Вино и поезија“ беше насловот на настанот што петти пат се реализира синоќа во градската библиотека „Феткин“ во Кавадарци во чест на утрешниот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите.

- Отсекогаш постои таа врска помеѓу поезијата и виното. Веќе четврти пат ја организираме оваа манифестација заедно со нашата сестринска библиотека од Болјевац, Република Србија - рече Петар Гурев, директор на најстарата културна установа во градот, која во декември одбележа осум децении самостојно постоење.

Директорката на библиотеката во Болјевац, Зорица Масловариќ, изрази задоволство од посетата и се осврна на соработката на полето на зачувувањето на вредностите.

На настанот се дегустира вино од семејната винарница „Зоков“ од ресавското виногорје. свд/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан