Додик: Нема БиХ без Република Српска
- Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не постои без РС
Бања Лука, 3 октомври 2024 (МИА) – Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина не постои без РС.
Тој додаде дека е многу задоволен од постигнатите резултат во РС, бидејќи знае во какви околности тоа е реализирано и под какви притисоци.
- Знам какво е опкружувањето во БиХ, во регионот, дека сме непожелни и оти единствените кои нè сакаат сме ние самите и нашите пријатели, кои ни се важни. Се друго е мотивирано да не спречи и омаловажува, наведе Додик во синоќешната емисија на Радио телевизија РС. ми/
фото: МИА архива