• сабота, 23 ноември 2024

Додека траат проблемите со софтверот на ФЗОМ, службениците  ќе работат преку хартија

Додека траат проблемите со софтверот на ФЗОМ, службениците  ќе работат преку хартија

Велес 10 февруари 2023 (МИА) - Службениците на Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија преминуваат на работа преку хартија, додека траат проблемите со софтверот на ФЗОМ.

Ваква одлука беше донесена вчера на седницата на Управен одбор на ФЗОМ, информира денеска д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

- Ќе се работи преку хартија сѐ до отстранување на техничките проблеми со софтверот, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Таа за МИА појасни дека станува збор за издавање потврди на пациентите од страна на ФЗОМ за ортопедски помагала, фактурирање на докторите за месец февруари и Комисиски решенија за продолжено боледување.

Воедно појасни дека нема никакви проблеми со упати, рецепти и прегледи кај матичните доктори, кои и понатаму се издаваат електронски. ад/ар

Остани поврзан