• петок, 05 декември 2025

Посебен режим на сообраќај во дел од Скопје поради излевањето на Маркова река

Посебен режим на сообраќај во дел од Скопје поради излевањето на Маркова река

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевањето на Маркова река, сѐ уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат село Горно Лисиче - село Долно Лисиче, како и влезот за село Батинци во двете насоки.

Од  тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот, информираа утрово од Министерството за внатрешни работи.

Секторот за внатрешни работи - Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите на полициските службеници. бд/бак/

Фото: Фејсбук - страница на Министерството за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан