• понеделник, 23 декември 2024

Довербата во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво, потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав

Довербата во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво, потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) – Довербата на граѓаните во судско-обвинителските институции е на рекордно ниско ниво, вака како досега очигледно не бива, порача премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите на најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители и изрази подготвеност да разговара со експерти, но и со амбасадорите доколку понудат подобро решение. Според претседалката Гордана Сиљановска Давкова овие две тела во моментов како да не постојат и потребни се сериозни законски измени, додека за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија, но дека тоа мора да бидат во согласност со Уставот.

Откако евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека најавеното распуштање на Судскиот совет, како и Советот на јавни обвинители е дикретно мешање во независноста на судската власт, Мицкоски вчера го повика да понуди решение, укажувајќи дека во извештаите на Еврпоската комисија се вели дека „состојбата со владеењето на правото е катастрофална, цути криминалот и корупцијата, довербата во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители е на два-три проценти кај граѓаните“.

Kryeministri Hristijan Mickoski tha se ka më pak përvojë shtetërore se presidenti bullgar Rumen Radev dhe kryeministri grek Kiriakos Micotakis, por se duhet të mësohen me politikën e re këtu,

- Подготвен сум цел ден да седнеме, да разговараме, да работиме додека не најдеме решение како да биде подобро, само да не биде како досега. Затоа што како што е досега, не е добро, рече Мицкоски во изјава за медиумите дадена при вчерашната посета на Гевгелија. Нагласи дека вината има име и презиме и дека таа треба да се лоцира.

Зборувајќи за вчерашните изјави на дел од амбасадорите, Мицкоски рече дека ја слушнал таа изјава, но и дека за политиките на оваа коалиција гласале 600.000 граѓани. 

- Некако стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи во државата. Во ред, и да е така, 600.000 граѓани гласаа за оваа коалиција. Очигледно тоа за нив не значи ништо и за политиките на оваа Влада. Истовремено тие велат дека е катастрофална состојбата со владеењето на правото, во нивните извештаи велат дека цути криминалот и корупцијата, довербата во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители е на два-три проценти кај граѓаните, рече Мицкоски. 

Во однос на најавите за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, претседателката Сиљановска Давкова рече дека се сретнала со Оценската мисија на ЕУ и ги знае оценките, како и дека тие две тела „во моментов како да не постојат“ и дека се потребни сериозни законски измени.

- Kërkoj mirëkuptim. E kemi Marrëveshjen e Prespës. Kushtetuta u ndryshua, kemi ndryshuar dokumentet si për jashtë ashtu edhe për brenda, madje kemi ndryshuar edhe pucetat, por kur në Marrëve

-Сериозни се критиките. Два-три проценти углед значи како да не постоите. Да беа доблесни, да беа етички ќе си поднесеа оставки по тие скандали што се случуваа. Моите забелешки се, и во Венецијанска сме разговарале, дали едно тели или две тела, ама едно е најважно, не треба тие да се бават само со избор и разрешување на судии и јавни обвинители, туку треба претпоставки да создаваат за независно судство. Како ќе создаваат ако не работат. Дали знаете во извештаите има по колку пати во месецот се состануваат овие органи – по два, три пати. Извештаите беа како памфлети, таму нема толку и толку се разрешени, нема причини, нема што ќе прават. И Антикорупциска имаше забелешка на тоа. Таму се потребни сериозни реформи, изјави Сиљановска Давкова, вчера во гостувањето на „Само интервју“. 

Прашана дали ќе поддржи распуштање на цел состав, Сиљановска Давкова, рече дека таа не е творец на тој дел од програмата. 

- За да се распушти нешто треба да има правен основ. Претпоставувам дека мислат дека вакви какви што се не треба да постојат, меѓутоа таму има и во законот кои се условите за избор, ама и кои се условите за разрешување. Не можам да зборам во името на предлагачот, тоа е дел од програмата но знам дека двете тела не ја исполнија функцијата заради која беа формирани. Требаше да бидат гарантори на независното судство, требаше да бидат најголемите критичари на лошите судии, на лошите јавни обвинители..., изјави Давкова. 

Во однос на најавените реформи на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, смета дека Владата и Собранието имаат легитимно право и уставно овластување ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија и порачува дека „од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот“.

Прес-конференција на новоизбраниот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Состојбите се општо познати. Појдовна точка е лошата перцепција на граѓаните, односно недовербата во правосудниот систем. Сосема е легитимно органите кои имаат уставно овластување и уставна надлежност, како што е Владата, Собранието да ги нормираат општествените односи или веќе нормираните општествени односи, ако увидат слабости да пристапат кон измени и дополнување на одредени законски решенија. Тоа е легитимно право и уставно овластување на тие органи. Наша надлежност е тоа што ќе се нормира, ако проценат дали во оваа област или во која било друга област дека има потреба од измени и промени да биде во согласност со Уставот. Примарна работа на секој еден граѓанин и секоја една институција во оваа држава е да го почитува Уставот. Тоа важи за мене, тоа важи за вас, за Владата и за Собранието. Од исклучителна важност за правната држава е било какво законско решение да биде во согласност со Уставот, изјави Костадиновски, во гостувањето на МРТ.

На Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, што се одржа завчера во Скопје, беше нагласена потребата да се продолжи со брзи внатрешни реформи, како и да се потиснат обидите за мешање од страна на политичките структури, но и да се врати довербата на народот во судскиот систем.

Ambasadori evropian Dejvid Gir sot në Konferencën për përparimin gjatë zbatimit të rekomandimeve të Misionit Vlerësues të BE-së nga Këshilli Gjyqësor, theksoi se shpërbërja e shpallur e KGJ-j

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители е директно мешање во независноста на судската власт и нагласи дека доколку тоа се случи ќе предизвика сериозна загриженост кај Европската унија.

– Напорите за засилување на владеењето на правото не треба да бидат направени на начин кој би ги нарушил принципите на поделба на властите. На пример, распуштањето на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, ќе значи мешање во независноста на судската власт и ќе биде прашање за сериозна загриженост. Исто и за идејата за раздвојување на Академијата за судии и обвинители, институција која сметаме дека треба да служи како гарант за меритократија и непристрасност во судството. Јасно е што треба да се прави, да се продолжи со брзи внатрешни реформи треба. Ова значи, како што реков, целосна имплементација на препораките од Оценската мисија, Патоказот за владеење на правото и Стратегијата за правосудниот сектор. Ова значи надградба на некои од позитивните колективни чекори на кои бевме сведоци во последните шест месеци и значи потиснување на обидите за мешање од политички или деловни интереси, рече Гир.

Американската амбасадорка Анџела Агелер во своето обраќање рече дека Судскиот совет, треба да го следи законот и даде отпор на политичките притисоци, затоа што, како што вели Северна Македонија има добро изработени закони, како и искусни обвинители и судии.

– Северна Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката јасна и не се менува. Работете ја работата која што треба да ја работите. Следете го законот, работете за луѓето, дајте отпор на политичките притисоци, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспорентноста. Напорната работа веќе започна и гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнаме да стигнете уште понапред на својот пат, рече Агелер.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, истакна дека иако е забележана зголемена видливост на дејствијата на Советот, односно пренос во живо на седниците и гласањето, неопходно е да се врати довербата на народот во судскиот систем. Според Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева  не треба да има колективна, туку индивидуална одговорност која точно ќе биде детектирана и санкционирана. 

– Секоја одговорност има име и презиме, нека се детектира и секој нека си сноси индивидуална санкција, ако нешто сторил противзаконски, го нарушил угледот и интегритетот на Судскиот совет, донел одлука под влијание на разни емоции и слично, вели Дамева.

Според неа, носењето на нов Закон за Судски совет може да има некои последици па, така, вели Дамева во периодот од распуштање до конституирање на нов Судски совет ќе настане еден вакуум период, во кој постои опасност да застарат некои дела. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан