• петок, 15 ноември 2024

Дислоцирана канцеларијата на главниот портпарол на авганистанските талибанци од Кабул во Кандахар

Дислоцирана канцеларијата на главниот портпарол на авганистанските талибанци од Кабул во Кандахар

Кабул, 6 април 2023 (МИА) - Главниот портпарол на авганистанските талибанци, Забиула Муџахид ја дислоцира својата канцеларија од главниот град на Авганистан, Кабул во јужниот град Кандахар, во истоимената провинција.

Во соопштението на Министерството за информации на талибанците се наведува дека во Кандахар ќе се пресели и заменичката на Муџахид, Инамула Самангани.

Тоа е прв случај висок талибански функционер да ја преселил својата канцеларија од Кабул на друга локација.

Провинцијата Кандахар е дом на врховниот лидер на талибанците, Хаибатула Ахунџада, како и место каде настана талибанското движење. ми/

Остани поврзан