• понеделник, 17 март 2025

Директорот на Центарот за култура Штип меѓу починатите во Кочани

Директорот на Центарот за култура Штип меѓу починатите во Кочани

Штип, 24 јануари 2025 (МИА) - Меѓу починатите во големата несреќа во дискотеката во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски.

Стевановски на 24 јануари годинава беше избран за нов директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ -Штип.

Стевановски свиреше во бендот „ДНК“. вдј/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан