• вторник, 18 март 2025

АА на Таравари во Тетово оддаде почит за трагично згаснатите животи во Кочани

АА на Таравари во Тетово оддаде почит за трагично згаснатите животи во Кочани

Тетово, 17 март 2025 (МИА) - Претставници на партијата Алијанса за Албанците (АА) на претседателот Арбен Таравари оддадоа почит за загинатите во Кочани на плоштадот во Тетово со минута молк и положување цвеќе. 

Од таму велат дека длабока болка и почит изразуваат поддршка за семејствата кои се соочуваат со големата загуба.

-Оваа трагедија нè погоди сите. Без разлика на нашата припадност или јазикот што го зборуваме, денес нè обединува тагата и споменот за оние кои повеќе не се меѓу нас. Нашите срца се натажени, но и обединети во солидарност, се вели во соопштението на партијата.

Во останатиот дел од соопштението од партијата велат дека нивните мисли и молитви се со семејствата на жртвите и повредените. Тие не се сами – заедно ја споделуваме болката и силата за да ја пребродиме оваа загуба, велат од АА.ас/

Фото: АА 

Остани поврзан