• сабота, 20 јули 2024

Директорот на ТИРЗ ја посети фабриката на Текнопанел во Скопје

Директорот на ТИРЗ ја посети фабриката на Текнопанел во Скопје

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Во рамки на серијата посети на фирми кои работат во технолошко индустриските развојни зони, а со цел директна комуникација и поддршка на компаниите, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски ја посетил фабриката на Текнопанел во Скопје.

Фабриката, која е во завршна фаза на изградба, соопштија денеска од ТИРЗ, наскоро ќе започне со целосна работа, што претставува значаен чекор кон економскиот развој отворајќи нови работни места. Се додава дека Текнопанел е реномирана компанија, основана со цел да обезбеди висококвалитетни панели и изолациони материјали за градежната индустрија. 

- Горди сме што компанија како Текнопанел ја избра Македонија за својата нова инвестиција, која всушност е и прва инвестиција надвор од Турција. Новата влада како клучни приоритети ги постави економскиот раст, новите работни места и привлекувањето нови инвестиции. Овие приоритети ќе останат главен двигател на нашата работа. ТИРЗ и понатаму ќе ги поддржува инвестициите кои носат долгорочни придобивки за нашата земја, изјавил директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Орхан Кахвеџи, генерален директор на Текнопанел навел дека географската положба на Македонија, како и целокупната поддршка од тимот на ТИРЗ биле клучни за оваа инвестиција.

- Искрено се надеваме на понатамошна соработка. Уверени сме дека заедничките напори ќе резултираат со успех и долгорочен развој, истакнал тој. 

Посетата на фабриката на Текнопанел во Скопје, се пдовлекува во соопштението, претставува уште еден доказ за посветеноста на ТИРЗ во поддршката на инвеститорите и обезбедувањето на поволни услови за инвестирање. Со новите проекти и иницијативи, се додава, Македонија продолжува да биде атрактивна дестинација за странски инвестиции и технолошки развој. цр/бак/

Фото: ТИРЗ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан