• недела, 22 декември 2024

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски ја посети фабриката на „Аптив“ во ТИРЗ Скопје 1

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски ја посети фабриката на „Аптив“ во ТИРЗ Скопје 1

Скопје, 15 октомври 2024 

Согласно концептот сведен на активна и континуирана соработка со компаниите, директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети фабриката на Аптив која од 2016 год. успешно работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1. Во текот на посетата, беше одржан конструктивен состанок на кој се разгледаа повеќе прашања, како и тековните и идни планови за потенцијални инвестиции.

Директорот Гоце Димовски ја истакна важноста на компаниите како Аптив кои активно придонесуваат за економскиот раст и развој на Македонија. Со очекување за успешна соработка, беше нагласена и посветеноста на Дирекцијата за ТИРЗ како институција која нуди стабилна поддршка на инвеститорите.

„Аптив како дел од технолошко индустриските развојни зони има клучна улога во поттикнувањето на економскиот раст на Македонија преку создавање на нови работни места и воведување напредни технологии. Во соработка со новата влада продолжуваме да создаваме поволна инвестициска клима, што всушност е и еден од нашите главни приоритети, сѐ со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.“ – истакна директорот Димовски.

Од страна на претставниците на Аптив, на чело со генералниот директор, Душан Коложегоски беше изразено особено задоволство од поддршката и проактивноста на ТИРЗ за тековните предизвици со кои се соочуваат како странски инвеститор, што ќе овозможи подобрувaње на условите за работа и раст на компанијата.

Аптив е глобална технолошка компанија која делува во областа на автомобилската индустрија и која развива безбедни, незагадувачки и решенија поврзани со околината кои ја овозможуваат иднината на мобилноста. Присутна е во 44 земји, а дел од нејзиното портфолио на производи вклучува: боди компјутер во внатрешноста на возилото, модул за генерирање на звук на мотор кај електричните возила, модули за контрола на лед светла на фарови, модули за амбиентално светло во автомобилот, модули за пренос на сигнализација од автомобил на приколка, алармни уреди за автомобили.

Аптив има силна организациска култура, и сите активности кои се превземаат само покажува дека задоволството на вработените е на прво место. Задоволен вработен, задоволен клиент.

Аптив од почетокот на своето постоење вложува во младите потенцијали и има тим со богато бизнис искуство и со изразена желба за учење и надоградување сѐ со цел да произведе покомплексни производи и да обезбеди конитуниран раст на компанијата во Македонија.

Дирекција за технолошко-индустриски зони (ТИРЗ)

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ТИРЗ

Остани поврзан