• петок, 05 декември 2025

Министерската за финансии тврди дека Министерството немало комуникација со ниту една банка за пругата од Коридорот 10

Министерската за финансии тврди дека Министерството немало комуникација со ниту една банка за пругата од Коридорот 10

Скопје, 26 јуни 2025 (МИА) - Министерството за финансии немало комуникација со ниту една банка во врска со пругата од Коридорот 10, изјави вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. 

Таа во емисијата „Вин-Вин“ на телевизија Телма рече дека има интерес од банките до кои е доставено барање за понуда за финансирање на пругата.

- ЕБРД се јавија, пројавија интерес за проектот. Дали ќе одат сами или со конзорциум, не можам да знам сега. Штом стигнуваат прашања, значи има интерес, рече Димитриеска-Кочоска. 

Според Димитриеска-Кочоска, било фер што барањето за понуда е испратено до сите банки. 

- Се обративме до 22 банки, а уште две банки дополнително побараа да им доставиме понуда бидејќи биле заинтересирани да настапат како конзорциуми, рече Димитриеска-Кочоска. бак/

Фото: Принтскрин

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан