• понеделник, 23 декември 2024

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот

Димитров: За нас прашањето за македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот
Скопје, 17 мај 2020 (МИА) - За нас прашањето за македонскиот јази е затворено и кај нас и во светот,  вели  министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата Трилинг на ТВ 24 вести. Тој истакна дека повеќето од прашањата што ја рефлектираат позицијата што соседна Бугарија ја усвои во нивниот Парламент тогаш кога имаа локални избори минатата есен, според нас, излегуваат вон, а често се и спротивни на одредбите на Договорт за добросеседство. Неодамна имал телефонски разговор со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева, при што тој ги презентирал нашите позиции, а таа нивните. Меѓу соседите, потенцира, мора да се разговара. За решавањето на пробемите секогаш на некој начин предуслов е дијалогот. Наша задача како министри за надворешни работи е да работиме така за да ги вратиме на позитивен колосек билатералните односи. -За нас прашањето на македонскиот јазик е затворено и кај нас и во светот и многу тешко ќе биде да се гради блискост и пријателство ако на таков тип на прашања имаме предизвик од соседот. Мислам дека тоа оди во друга различна насока. Во самиот Договор за  пријателство, соработка и добросоедство во преамбулата зборува за меѓусебна почит. Македонскиот јазик во тој билатерален  договор има апсолутна иста позиција и статус со бугарскиот јазик. И клаузулата за јзиците вели- овој договор е напишан на  македонски јазик согласно Уставот на тогаш Република Македонија  и на бугарски јазик согласно Уставот  на Република Бугарија. Таа формулација важи само за билатералните односи, наведе Димитров. Големата разлика, дополни, на големата планина што ја имавме со Грција беше што таа планина имаше правна основа врз Резолуција на Советот за безбедност од 1993 година. Нашата лична карта во ООН во  Преспанскиот договор е затворено прашање и во меѓународното право државите признаваат или не признаваат јазици. Тоа е прашање на нашето самоизјаснување и самоопределување. Мислам дека ако успееме да се вратиме на позитивниот колосек ова прашање мора да се надмине. Тоа е крајно непродуктивно прашање. За нас апсолутно навредливо и мислам дека тој обид да се отвори прашање  што е затворено не може да успее во 2020 во Европа.,Истовремено не е ниту на линија на европските вредности, рече Димитров. Тој порача и дека ниту една држава нема правен основ нам да ни кажува сега нешто во однос на нашето име и македонскиот јазик. Говорејќи за потребата од одржување на парламентарни избори шефот на дипломатијата повтори дека ни треба Влада со полн политички мадат, како и Собрание. -Важно е оваа ситуација да се расчисти и во смисла на суштинската агенда на државата сакаме втората поливина оваа  година да почнеме пристапни преговори со ЕУ, Комисијата најавува дека ќе излезе со  преговарачка рамка, нам ни треба Влада со полн политичлки мандат, да решава проблеми, да креира политики, ни треба да имаме Собрание. Мојот ресор поради девет одложувања на Комисјата  за надворешна политика не испративме девет амбасадори кои  ги завршија подготовките и со тоа се праќаат погрешни сигнали кон земјата каде  тие луѓе треба да ја претставуваат татковината, укажа Димитров. Нашето демократско досие во Брисел, потенцираше, е далеку над тоа дали сме способони да имаме демократски избори и не смееме да си дозволиме создавање такви сомнежи во ваква ситуација.лв/

Остани поврзан