Димитриевски организираше прием за претставници од ФК „Башкими 1947”– Куманово
- Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска организираше прием на претставниците на фудбалскиот клуб „Башкими“ по повод враќањето на екипата во првата македонска фудбалска лига.
Куманово, 26 мај 2025 (МИА) - Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска организираше прием на претставниците на фудбалскиот клуб „Башкими“ по повод враќањето на екипата во првата македонска фудбалска лига.

- Денеска имав чест да бидам домаќин на претставници од ФК „Башкими 1947“ – Куманово, на кои им го честитав постигнатиот успех во оваа натпреварувачка сезона 2024/2025 година, пласман во првата македонска фудбалска лига. Повод за пригодната средба, беше враќањето на оваа екипа во националната фудбалска елита, после 18 години, на огромно задоволство на љубителите на спортот во Куманово, рекол градоначалникот Димитриевски, се наведува во соопштението од општината.
Димитриевски и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска со претставниците на клубот разговарале и за досегашните достигнувањата и успешните настапи на клубот, кој опстојува повеќе децении на македонската фудбалска сцена, бројните трофеи и признанија, а била нагласена и континуираната поддршка од Општина Куманово. ам/цр
Фото: ФБ на градоначалникот Максим Димитриевски