• вторник, 24 декември 2024

Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ

Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ

Валандово, 6 април 2024 (МИА) - Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека  мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира прегварачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово.

Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.

Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него.

Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со греаѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија. рт/лв/

Фото: принт скрин Фејсбук Максим Димитревски

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан