• среда, 25 декември 2024

Димитриевски: Верувам во институциите на системот, обвинението е монтирано

Димитриевски: Верувам во институциите на системот, обвинението е монтирано

Куманово, 2 април 2024 (МИА) - Во Основниот суд во Куманово на денешното прво судско рочиште против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“  за случај со недобивање дозволи за градење на висококатници во Куманово, е одложено за 30 април.

Градоначалникот Димитриевски изјави дека верува во институциите на системот и покрај тоа што во големите „осила“ има и пчели кои ги почитуваат законите. Тој нагласи дека обвинението е монтирано, има за цел да го наруши неговиот дигнитет и истакна дека и на преходните избори се соочувал со притисоци.

- Ниту сум спречил, ниту ќе спречам некој да гради згради висококатници, но кога се работи за училишта, медицински објекти, тоа е јавен интерес и јас сум должен да го штитам. Ова е фарса во контекст на избори и сметам дека ќе доживее фијаско, ќе оставиме на времето. Ќе се заложам максимално од позицијата за која претендирам да го демонтираме овој судски систем кој постои во соработка со обвинителскиот и МВР во целост, рече Димитриевски.

Тој кажа дека континуирано се случуваат нарачки од „високи“ носители на политички функции од власта, „во случајот лидери од СДСМ“ за кои рече ги злоупотребуваат институциите.

- Тие се лидершипот на власта, претседатели, потпретседатели, поранешни носители на високи функции „вечни“ министри итн. Направете анкета во Куманово, погледнете ги луѓето кои ги застапуваат обвинителите и сè ќе ви е јасно. Недозволиво е уште необјавена одлука од Уставен суд адвокатот, страната која ја застапува во постапката го објави тоа, покажува длабока поврзаност со највисоки судски органи во власта. Функциите во независната судска власт се избираат од политичари, тука е заглавен системот, кој е узурпиран и е во функција на политичка елита на власт, без разлика дали се едните или другите, рече меѓу другото Димитриевски.

Адвокатката на кумановскиот градоначалник Сања Алексиќ појасни дека имало писмено барање од одбраната, бидејќи не биле обезбедени процесните гаранции на обвинетиот, да ги има доказите на кои се темели обвинението.

- На денешното рочиште обвинителот го измени обвинителниот акт, го добивме во писмена форма и не бевме во можност да се запознаеме и има промена во доказите предлог на јавниот обвините, дел се повлечени, на дел ќе останат. Одбраната дополнително ќе се запознае и ќе ја формира одбраната и да предложи листа на докази на наредното рочиште, рече Алексиќ.

Таа побара рочиштето да се одложи кон крајот на април и поради обврските на Димитриевски во кампањата, што како предлог судот го прифати. За делото нема опасност од застарување, а ќе има време и да се подготви одбраната.

- Во овој момент немавме ниту еден доказ што е обврска на обвинителството за да заврши истрагата, да ги предаде обезбедените докази на обвинетиот вработените, рече Алексиќ.

Еден од сопствениците на градежните компании, на „УПМ-ГРУП“ Бобан Спасовски изјави дека Димитриевски се служи со реторика дека е „жртва“. 

- Ова е чиста злоупотреба, борбата трае две години ни одземаше права. Единствен начин е да ја бараме правдата преку институциите што и го правевме изминатиот период. Два пати поднесовме инцијатива до Уставниот суд кој два пати ја прифати, еднаш ја поништи одлуката со која имаше намера да ни наштети, рече Спасовски.

Тој посочи дека Управниот суд донел правосилна пресуда. ДУП-от, рече тој, донесен е декември 2021 на негов предлог од истиот, сегашен состав на советот и нагласи дека откако дознал дека фирмите имаат градежни парцели во истиот опфат, тогаш почнувале опструкции.

- Не станува збор за јавен интерес. Прво не сакаше да продолжи постапката, донесе една одлука на совет, таа ја обжаливме на Уставен кој му ја поништи. Не сакаше да почитува. Министерството за транспорт и врски како повисок орган му ги поништуваше решенија и нив не сакаше да ги почитува, рече меѓу другото Спасовски.

Според него, станува збор за објект од седум ката, а судот како што рече, верува дека ќе донесе правилна одлук. ам/цр/

Фото: МИА

 

Остани поврзан