• недела, 21 јули 2024

Дилон: Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа

Дилон: Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) – Претседателот Џо Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа, изјави денеска шефицата на неговата кампања Џен О’Мали Дилон.

Таа додаде Бајден е попосветен од кога било да го победи Доналд Трамп.

Нејзината изјава уследи по зголемениот притисок од демократите Бајден да се повлече од трката за реизбор поради неговата возраст и здравје. ми/

фото: Икс

Остани поврзан