• понеделник, 23 декември 2024

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“

Дигитализација на аудио ленти од 1940 до 2000 година во НУФЦ „Вардар филм“

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Во просториите на НУФЦ „Вардар филм“ деновиве започна дигитализација на аудио ленти во период - 1940 до 2000 година, кои беа зачувани во депото, информираат денеска оттаму.

Станувало збор за околу 400 ленти што содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на „Вардар филм“.

- Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото, што е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на „Вардар филм“ со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки што следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база, се наведува во соопштението. бд/сст/

Фото: „Вардар филм“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан