ДЗР со препораки за подобрување на состојбите во Институтот за медицина на трудот на РСМ
- Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за медицина на трудот на Република Северна Македонија - Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година, соопштија денеска од ДЗР.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Државниот завод за ревизија изврши проверка на финансиските извештаи заедно со преразгледување на усогласеноста на Јавната здравствена установа Институт за медицина на трудот на Република Северна Македонија - Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година, соопштија денеска од ДЗР.
- Изразивме мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година. Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеност со законите и прописите за 2016 година и изразено е мислење со резерва во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива - појаснија од ДЗР.
Со ревизијата било опфатено и спроведувањето на препораките, дадени во конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2016 година, при што се утврдило дека дадените три препораки се спроведени.
- Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Институтот за 2024 година утврдено е следното: не е направен попис на побарувањата, а за побарувања во износ од 20.420 илјади денари, кои се постари од три години, не се преземени активности за наплата, не е донесен ценовник и не е воспоставена целосна евиденција, контрола и следење на наплатата на средства по основ на издадените лекарски уверенија - наведоа од ДЗР.
Како што истакнаа, во насока на надминување на утврдените состојби ревизијата дала препораки со цел преземање мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.
- Во делот на нагласување прашања ревизијата известува за ненаплатените побарувања од Министерството за извршени здравствени услуги по програми за здравствената заштита во износ од 364 илјади денари, чија наплата е неизвесна. Извршени се корекции за време на ревизијата, со што е извршено зголемување на вкупната актива и пасива во билансот на состојба за 160 илјади денари. Не се примени забелешки по нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор број 25-151/9 од 18.11.2025 година - додадоа од ДЗР. бд/вј/
Фото: МИА архива