Де Керсмакер: За судбината на Гренланд треба да решаваат Гренланѓаните
- Светоста на границите е основен принцип на меѓународното право што важи подеднакво за сите нации, без разлика на нивната големина или влијание. Во блиска соработка со Данска, стоиме зад Гренланд и го поддржуваме правото на самоопределување на Гренланд. Ние сме посветени и ги поддржуваме овие многу важни принципи на меѓународното право и на глобалниот поредок заснован на правила, изјави Де Керсмакер.
Брисел, 28 јануари 2025 (МИА) - Европската Унија останува цврсто посветена на меѓународното право и на глобалниот поредок заснован на правила, меѓу кои се и принципите на суверенитет и територијален интегритет, кои важат и земјите членки на ЕУ, вклучително и за Данска, изјави заменикот главен портпарол на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер во однос на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на данскиот остров Гренланд од страна на САД.
- Светоста на границите е основен принцип на меѓународното право што важи подеднакво за сите нации, без разлика на нивната големина или влијание. Во блиска соработка со Данска, стоиме зад Гренланд и го поддржуваме правото на самоопределување на Гренланд. Ние сме посветени и ги поддржуваме овие многу важни принципи на меѓународното право и на глобалниот поредок заснован на правила, изјави Де Керсмакер.
На дополнително прашање дали „поддршката на правото на самоопределување на Гренланд“, значи и поддршка за негово евентуално отцепување од Данска, Де Керсмакер изјави дека не сака да навлегува во шпекулации, туку дека само објаснил оти ЕУ е посветена на меѓународното право и дека тесно соработува со Данска, а дека за иднината судбина на Гренланд треба да решаваат неговите жители.
На прашање какви се плановите на ЕК за „одбрана на Гренланд“, имајќи ја предвид изјавата на еврокомесарот за одбрана и Вселената, Андриус Кубилиус дека „ЕУ е подготвена да ја брани Данска“, дадена во одговор на новинарско прашање, претставничката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Анита Хипер повтори дека Унијата останува цврсто посветена на меѓународното право засновано на правила и блиско соработува со Данска, со Гренланд и со своите партнери.
- САД се наш партнер. Ние сме посилни кога работиме заедно, додаде Хипер. сп/
Фото: Скриншот