• недела, 01 септември 2024

Де Брујн за „сувата“ серија на Сити во ЛШ: Полесно се игра со силна одбрана

Де Брујн за „сувата“ серија на Сити во ЛШ: Полесно се игра со силна одбрана
Манчестер, 17 март 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер сити, Кевин де Брујн, изрази задоволство од перформансот на неговиот тим, посебно во дефанзивната линија. Манчестер сити вчеравечер по втор пат ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:0 во осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите. - Се чувствувавме сигурни. Ја контролиравме играта и создававме шанси. Во напад, се обидуваме да влеземе во шеснаесетникот. Ова го прават различни играчи на различни места. Понекогаш може да биде тешко. Ако играат Жезус и Агуеро, ова е нивна задача, ако тие не се таму, ние заземаме слични позиции и тоа функционира. Многу е важно да се делува сигурно во одбраната и да се прикажува тимска игра. Нашата „сува“ серија во ЛШ е важна за голманот Едерсон и за дефанзивците. Полесно е да играте кога не примате голови, истакна Де Брујн. Манчестер сити се наоѓа во серија од седум натпревари без примен гол во Лигата на шампионите. зс/

Остани поврзан