• сабота, 23 ноември 2024

Де Брујне уверен дека се затру со хотелска храна пред натпреварот од Лигата на шампионите против Реал

Де Брујне уверен дека се затру со хотелска храна пред натпреварот од Лигата на шампионите против Реал

Манчестер, 13 април 2024 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, е уверен дека се затрул од храна во хотелот пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, пишува „Дејли стар“.

Во вторник, 9 април, екипите одиграа нерешено, 3:3 на „Сантијаго Бернабеу“.

Триесет и двегодишниот Белгиец се чувствуваше лошо и не настапи на натпреварот. Лекарите на клубот беа загрижени за масовно труење, но тоа не се случи.

Де Брујне веќе се врати на тренинзите и ќе може да игра против Лутон овој викенд.

Реваншот со Реал ќе се одигра на 17 април во Манчестер на стадионот „Етихад“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан