• вторник, 24 септември 2024

Дејли мејл: Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија - ова е решено прашање

Дејли мејл: Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија - ова е решено прашање

Лондон, 8 октомври 2023 (МИА) – Домаќин на Светското фудбалско првенство во 2034 година ќе биде Саудиска Арабија. „Daily Mail“, повикувајќи се на извори блиски до раководството на ФИФА, тврди дека веќе е направен изборот во корист на блискоисточната земја.

- Домаќинот на Светското првенство во 2034 година во Саудиска Арабија не само што е веројатно, тоа е веќе практично решено прашање. Парите повторно проговорија, овој настан ќе и донесе милијарди на ФИФА, изјавија за весникот запознаени со ситуацијата.

Забележано е дека оваа ситуација ги иритира претставниците на Австралија, која исто така конкурира за турнирот. 

Се очекува Саудиска Арабија да освои мнозинство од 47-те гласови во Азија и сите 54 гласови во Африка. зс/

Фото:ЕПА

Остани поврзан