• петок, 15 ноември 2024

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри

Дешам по триумфот во Лигата на нации: Нашиот систем треба да се подобри
Милано, 11 октомври 2021 (МИА) - Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам ги сумираше впечатоците по финалето во Лигата на нации против Шпанија (2:1). - Многу сум горд на играчите и многу сум среќен за нив. Губевме во двата меча на завршниот турнир. Во финалето брзо го израмнивме резултатот откако примивме гол. Покрај талентот, овој тим има и карактер и менталитет, и јас сум многу горд на играчите. Направивме сè за да стигнеме овде. Кога сте во финалето, секогаш е најдобро да го победите. Престанавме да играме 20 минути по почетокот на средбата, а тоа не можете да го направите против Шпанија. Нашиот систем и начинот на кој работиме во него сè уште треба да се подобрат, истакна Дешам за официјалната веб-страница на УЕФА. Француската репрезентација е вториот победник во историјата на Лигата на нации. Првиот турнир го освои репрезентацијата на Португалија. Претходно, Французите станаа победници на Светското фудбалско првенство 2018 година во Русија. зс/

Остани поврзан