Дефект остави без вода корисници од улицата „Сердарот“
- Водоснабдувањето е прекинато од 9:30 часот.

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Поради дефект на улична цевка на улицата „Сердарот“ број 86, без вода останаа корисниците од оваа улица, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Како што се појаснува во соопштението, прекинот во водоснабдувањето е од 9:30 часот и ќе трае сѐ до завршување на интервенцијата. бд/са/
Фото: МИА архива