• петок, 08 ноември 2024

Детектор анкета: Две третини од граѓаните велат дека се зголемува корупцијата во државата

Детектор анкета: Две третини од граѓаните велат дека се зголемува корупцијата во државата

Скопје, 12 февруари 2023

Половина од граѓаните сметаат дека корупцијата е присутна насекаде во Македонија а речи си
две третини се на ставот дека таа постојано се зголемува, покажува најновото истражување на
јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според неа, точно половина од анкетираните изјавиле дека корупцијата во Македонија е
присутна насекаде и ја дале највисоката оценка на скалата од 1 до 5. Уште 21% дале „четворка“ за
степенот за корупција во Македонија и дополнителни 18,5% „тројка“
Само 1,3% сметаат дека во Македонија воопшто нема корупција.
Споредбата со анкетата која исто така за Детектор ја спроведе ИПИС во 2019 година, покажува
дека граѓаните денеска перцепираат повисок степен на корупција. На истата скала пред 4 години
само 27,2% од граѓаните дале „петка“ што е речи си двојно помалку од денешните 50%.
Тоа го покажува и средната оценка која во 2019та била 3,8 а во најновата анкета скокнала на 4,23.
63% од анкетираните сметаат дека степенот на корупција во Македонија се зголемува наспроти
9,3% кои детектираат намалување. 19,5% се на ставот дека степенот на корупција во Македонија
останува ист.
Интересно е што Македонците и етничките Албанци различно гледаат на оваа појава. Додека
73,7% од Македонците велат дека степенот на корупција во Македонија се зголемува, ваков став
делат само 32,3% Албанци.
Секој четврти граѓанин на Македонија се нашол во ситуација да му биде побарано или да мора да
понуди поткуп за да добие некоја услуга. Ваков одговор дале 28,8% од анкетираните, наспроти
66,4% кои досега немале ваков проблем. Најголем проблем со давање или нудење мито имале
вработените во приватниот сектор и сопствениците на бизнис додека најмалку со ваква ситуација
се соочувале вработените во јавниот сектор.
Во споредба со анкетата од пред 4 години, бројот на граѓани кои морале да понудат или да дадат
мито се зголемил од 18,5% на 28,8%.
Судството и јавното обвинителство се најкорумпираниот сегмент во општеството сметаат
граѓаните. Најголем дел од нив на поединечните прашања за секоја од институциите одговориле
дека има многу корупција во судството. Ваков став делат 57,1% од анкетираните. Следи
здравството со 43,6%, јавната администрација и полицијата со нешто под 42% и општините со
37,6%. Најмал број граѓани многу корупција детектирале во образованието. Нивниот дел изнесува
29,1%.
Телевизиите остануваат главен извор на информации за граѓаните за теми поврзани со
корупцијата. Од нив информации добиваат 55,2% од граѓаните. 17,3% главно се информираат
преку социјалните мрежи а 12,2% преку веб порталите. Најмалку информации граѓаните според
анкетата добиваат од невладините организации.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички
истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04
февруари оваа година. 

Институтот за политички истражувања - Скопје

______________________________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан