• вторник, 24 декември 2024

Десет струмичани казнети од судот по три илјади евра за непочитување на забраната за движење

Десет струмичани казнети од судот по три илјади евра за непочитување на забраната за движење
Струмица, 1 април 2020 (МИА) - Основниот суд во Струмица изрече казни од по три илјади евра во денарска противвредност на десет граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, информираше Мариета Дукиќ, портпарол на струмичкиот суд. -ОЈО Струмица поднесе вкупно 14 обвиненија, од кои еден обвинителен предлог и 13 предлози за издавање на казнен налог за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од 1 Казнениот закон. Судот прифати и издаде десет казнени налози со казни од по три илјади евра, во денарска противвредност од по 184.500 денари за секој обвинет, рече Дукиќ Додаде дека за останатите казнени налози и обвинителниот предлог се уште не одлучено.рт/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан