• сабота, 21 декември 2024

Ден без автомобили во Пехчево

Ден без автомобили во Пехчево

Пехчево, 24 септември 2024 (МИА) - Општина Пехчево во соработка со Општинското основно „Ванчо Китанов“ од Пехчево, Едукативниот центар за зачувување на природата - село Негрево и Мрежата за искуствено учење, денес го одбележа Денот без автомобили - 22 Септември. 

Учениците во придружба на полициски службеници од ПС од општа надлежност Берово и ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Иван Георгиев“,  како што изјави Елица Јовевска од Општина Пехчево реализираа повеќе активности, кои се одвиваа на плоштадот ,,Св Петар и Павле" и во централното градско подрачје. 

-Со оглед на тоа што временските услови претходната недела не беа добри, одлучивме денес да го одбележиме овој ден. Учениците од ООУ ,,Ванчо Китанов" возеа велосипеди по булеварот Равен. Потоа на учениците - ученици во акцијата од страна на претставници од Едукативниот центар, Мрежата за искуствено учење и ООУ „Ванчо Китанов“ им беше одржана кратка презентација за заштитата и зачувувањето на природата и зошто во сообраќајот треба повеќе да се користат велосипедите, а не автомобилите, истакна Јовевска.

Маре Параскова од Едукативниот центар од село Негрево истакна дека Центарот кој е дел од мрежата за исчуствено учење, секоја година заеднички ги одбележуваат ваквите значајни настани.

-Ние преку овој проект добивме мерачи за мерење на квалитетот на воздухот. Со инсталација на андроид телефоните го мериме квалитетот на воздухот едуцирајќи ги децата исто така како да ги користат, рече Параскова.

За наставничката по природни науки Валентина Станоевска најважно е на самите учениците да им се пренесе пораката дека со секојдневното возење велосипед директно влијаат во намалувањето на загадувањето. 

-Со цел да се намали нивото на издувни гадови целта меѓу другото е и да се подигне света кај граѓаните дека секаде каде можеме да стигнеме пешки или со велосипед тоа да го правиме, со што ќе го подобриме квалитетот на воздухот, додаде Станоевска.

Возењето велосипед како што потенцираше наставникот Андреј Митровски често се практикува на часовите по физичка култура, а учениците од Пехчево од година во година во се поголем број учествуваат во ваквите активности. 

Во рамки на Денот без автомобили во Пехчево од страна на Мрежата за искуствено учење на сите учеснци им беа поделени шишиња со вода и маички со едукативни пораки. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан