• среда, 27 ноември 2024

„Денови на кочанскиот ориз“ од 4 до 8 октомври

„Денови на кочанскиот ориз“ од 4 до 8 октомври
Кочани, 1 октомври 2022 (МИА) – Општина Кочани ги објави содржините за 31. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“, што годинава ќе се одржи од 4 до 8 октомври. Централниот дел на културно-промотивната програма со традиционалното зажнејување и вршидба на ориз ќе се одржи в сабота, 8 октомври, на оризовите полиња во кочанското село Горни Подлог. Во рамки на програмата најавени се промоции на книги, средби со писателите Горјан Петрески, Власта Цениќ и Филип Димкоски и литературни читања во основните училишта во Кочани. -На централниот настан на манифестацијата во Горни Подлог ќе биде доделена наградата на најуспешниот оризопроизводител, ќе има презентација и дегустација на традиционална храна од ориз, а во паркот во Кочани ќе бидат поставени изложбени и продажни штандови со ракотворби, домашни изработки, органска храна, уметнички креации и слично. Исто така ќе бидат доделени наградите во рамки на детскиот ликовен и литературен конкурс „Рака ориз, грст насмевки“, а настап ќе имаат и најмладите од детските градинки и од основните училишта, истакна Аспарух Михаилов, советник за култура во Општина Кочани. Во музичко-забавниот дел ќе настапат домашни и фолклорни ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија, а концерти ќе одржат Зарина Првасевда, Ирена Спасовска со Маестро Бенд, како и рок групите „Паркети“ и „Дејзи“. Организатор на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ е Локалната самоуправа на Кочани во соработка со Здружението на пензионери и фолклорните друштва од општината.та/вј/  

Остани поврзан