• недела, 21 јули 2024

Демонстрантите во Бангладеш ослободија стотици осуденици и го запалија затворот

Демонстрантите во Бангладеш ослободија стотици осуденици и го запалија затворот

Дака, 19 јули 2024 (МИА) – Студентите денеска упаднаа во затворот во централниот дистрикт на Бангладеш, Нарсингди и ослободија стотици затвореници пред да го запалат.

Осудениците избегаа од затворот, а демонстрантите го запалија затворот. Не го знам бројот на затвореници, но се работи за стотици, изјави неименуван полицаец.

Демонстрациите во Бангладеш почнаа пред неколку недели, а ескалираа во понеделникот. Незадоволните студенти бараат укинување на квотите за државните служби, со кои се предвидува 30 проценти од местата во секторот да им бидат доделени на роднините на борците за слобода во Војната за независност во 1971 година од Пакистан. Во Бангладеш, чие население е околу 170 милиони, има 32 милиони млади кои ниту работат ниту студираат. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан