• вторник, 26 ноември 2024

Демократската партија на САД виртуелно ќе гласа за номинацијата на Бајден за втор претседателски мандат

Демократската партија на САД виртуелно ќе гласа за номинацијата на Бајден за втор претседателски мандат

Вашингтон, 15 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде формално номиниран од неговите колеги демократи за втор мандат во Белата куќа на виртуелно гласање закажано за крајот на овој месец пред Демократската национална конвенција и покрај повиците да се повлече. Тоа го јавија американски медиуми повикувајќи се на извори во партијата.

Демократите и републиканците вообичаено формално ги номинираат своите претседателски кандидати на нивните национални партиски конвенции, но гласањето за кандидатурата на Бајден ќе дојде неколку недели пред Демократската национална конвенција, закажана за 19 август во Чикаго. Планот за рана номинација беше објавен долго пред разнишаниот настап на Бајден на дебатата со Доналд Трамп на 27 јуни.

Се уште не е јасно како точно ќе оди предвременото гласање, изјавија претставници на Демократската партија.

Деталите ќе бидат утврдени на 19 и 21 јули кога ќе заседаваат посебни партиски комитети. Виртуелното гласање се очекува да се одржи неколку дена подоцна. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан