• сабота, 23 ноември 2024

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

Скопје, 3 мај 2024

Криминалните партии и за оваа кампања и избори се прават како и до сега - ветуваат ридови и долини, лажат и манипулираат - демек меѓу себе се критикуваат и расправаат, а од позадина се договараат и прават се исто - како и до сега! Сакаат пак да ни ги исперат мозоците, да ни ги изманипулираат емоциите, пак да гласаме за нив и пак исто да владеат и да не крадат - како и до сега!

Нема никаква разлика од порано: 
- СДС ќе не внесува во ЕУ, ама ќе си мести тендери и ќе ги краде европските пари - како и до сега!
- ДРПНЕ ќе не брани од лошите бугари, и ќе не одбрани како што не одбрани од лошите грци, од промената на името Македонија, од терористите 2001 г, од територијалната прераспределба... И ќе си краде, пере и рекетира буџетски пари од општините и од буџетот - како и до сега!
- ДУИ ќе се бори за правата на албанците во Македонија и регионот, на штета на државните интереси и буџетот, ќе се бори за што повеќе институции да водат албанци и ќе си местат тендери и перат пари, а државата ќе пропаѓа и албанците ќе се иселуваат - како и до сега!
- И сите тие ќе си прават затворени изборни листи и ќе ги рангираат кандидатите според спремноста да крадат за партијата и да ги чуваат криминалните партиски тајни, нема да дозволуваат да се промени изборниот закон и да се воведат отворените листи, и ќе си ги прават истите изборни измами и криминали - како и до сега!

Епа нема веќе да биде како до сега - доаѓаме ние ДЕМОКРАТИ, и правиме политичка револуција! 

На овие избори ние граѓаните имаме можност и опција да гласаме за партија која ја разбива оваа политичка мафија, овие крвници и душмани на граѓаните и државата - и затоа сега сите ќе гласаме за ДЕМОКРАТИ!

Ние ДЕМОКРАТИ, заедно со граѓаните, сме хероите на денешното време - бидејќи само ние се бориме за итно воведување на отворените изборни листи, и со нив за враќање на државата и власта на граѓаните! 

Ние ДЕМОКРАТИ не се плашиме од заканите на политичките криминалци, и со граѓаните херојски ќе одолееме на сите притисоци, манипулации, закани и уцени. 

На избори, смело и одлучно, сите граѓани гласаме за себе, за нашите семејства и деца, за Македонија, за иднината - и за 16 ДЕМОКРАТИ! 

И така по изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега, ќе ги сузбиеме криминалот и корупцијата, ќе се почитуваат и спроведуваат законите, и со ДЕМОКРАТИ и отворените листи - на сите во Македонија незапирливо ќе ни тргне на подобро!

Демократи

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.



Остани поврзан