• сабота, 31 август 2024

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода

Скопје, 10 август 2024 (МИА) - Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од 700 милиметри на бул. „Александар Македонски“ бб. кај подвозникот АСУЦ, ноќеска од 02:00 часот по полноќ до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. „Александар Македонски“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во истиот термин со намален притисок на водата ќе бидат корисниците од ниската зона во населабата Автокоманда, поточно улиците „Јани Лукровски“, „Лазар Поптрајков“, „Христо Ботев“, 16-та Македонска бригада“ и објектите во индустриската зона - Пивара Скопје, Кока Кола и Алкалоид, како и корисниците од бул. „Киро Глигоров“ и населбите Маџари, Ченто, Хиподром, Стајковци и Трубарево во општина Гази Баба.вј/

Фото: МИА архива

 
 
 

Остани поврзан