Дел од Општина Гази Баба без вода
- Без вода денеска од 13 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Филип Филиповиќ“ во Општина Гази Баба.
Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 13 часот се дел од корисниците лоцирани на улицата „Филип Филиповиќ“ во Општина Гази Баба.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улицата „Филип Филиповиќ“ бр 4.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата. мд/са/
Фото: МИА архива