Дел од Општина Бутел без вода
- Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“ и „Бутелска“ во Општина Бутел.

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Без вода денеска се дел од корисниците лоцирани на улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“, „Боца Иванова“ и „Бутелска“ во Општина Бутел.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект на „Душко Поповиќ“ 27.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/лв/
Фото: МИА архива