• сабота, 23 ноември 2024

Дел од затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната

Дел од затворениците во Велика Британија ќе бидат ослободени по отслужување на 40 отсто од казната

Лондон, 12 јули 2024 (МИА) - Затворениците кои отслужиле 40 отсто од казната во Велика Британија ќе бидат ослободени со цел да се намали пренатрупаноста во затворите.

Затворениците во Англија и Велс, освен најтешките престапници, обично се ослободуваат по отслужување на 50 отсто од казната, а новата одлука ќе стапи на сила во септември, пренесува „Скај Њуз“.

Претседателот на Здружението на затворски службеници, Марк Ферхарст, рече дека според новата одлука, околу 5.500 затвореници ќе бидат ослободени од затвор во првите неколку месеци.

Новата одлука не се однесува на оние кои сториле кривични дела со казна од четири години или повеќе, како и за криминалците кои сториле тешки кривични дела. Тие во моментов треба да отслужат две третини од казната во затвор или Одборот за условно ослободување мора да донесе одлука дали може да бидат ослободени.

Затворениците кои ќе бидат пуштени порано во согласност со новата одлука, како што се наведува, ќе бидат строго надгледувани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан