Дел од Визбегово без вода
- Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Качанички пат“ и „Јадранска магистрала“.

Скопје, 11 јули 2023 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Качанички пат“ и „Јадранска магистрала“.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на „Качанички пат“ без број.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. мд/дма/
Фото: МИА архива