• сабота, 23 ноември 2024

Делчевска фирма донираше пластични заштитни маски за потребите на инфективните болници во државата

Делчевска фирма донираше пластични заштитни маски за потребите на инфективните болници во државата

Делчево, 25 март 2020 (МИА) - Пластични заштити на лице изработени во делчевската фирма „Брегал“ од денеска се дистрибуираат во инфективните болници во сите градови на државава. Досега се изработени над 200 вакви пластични заштити, но како што изјавија претставници на фирмата се планира производството на овие пластични заштитни маски да продолжи и во иднина и согласно со потребите на болниците.

-Пластични заштити ќе добијат болниците каде веќе се лекуваат болни од коронавирус, како Инфективната клиника Скопје, болниците во Тетово, Штип, Охрид, Дебар, Куманово, Клиниката за гинекологија Скопје, болницата „8 Септември“ Скопје, како и Општата болница во Кочани и Здравствениот дом во Делчево, информираа од ,,Брегал".

Во големата акција за набавка на заштитни средства потребни во борбата со коронавирусот деновиве се е вклучија повеќе фирми и конфекции кои обезбедија дезинфекциски и ракавици, додека како и маски за лице. Сите овие средства за заштита, како што информираа од општина Делчево, мобилни екипи во текот на денот ќе ги поделат на службите кои во екот на заразата се во првите линии.

Претходните денови како што додадоа, во акциите беа изработени над 10.000 маски. Акцијата за изработка на маските е иницирана од Општина Делчево и градоначалникот Горан Трајковски кој повика на солидарност и одговорност во борбата со невидливиот непријател, а со цел заштита на сите вработени од надлежните институции кои се први на удар на заразата, но и на сите граѓани во Делчево. вс/ир

Остани поврзан