Дел од општина Центар утре без вода
- ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улица „Шарски Одред“ 10, без вода ќе бидат дел од корисниците на опш
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека утре, од 09:00 часот, поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улица „Шарски Одред“ 10, без вода ќе бидат дел од корисниците на општина Центар.
Прекин на водоснабдување ќе има на улоца „Шарски Одред“, на дел од „Мајка Тереза“, како и дел од улиците „Козара“, „Васил Ѓорѓов“ и „Народен Фронт“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. ир/са/