• четврток, 26 декември 2024

Делегација од Хрватска во посета на Општина Центар

Делегација од Хрватска во посета на Општина Центар

Скопје, 20 март 2024 (МИА) - Делегација на Копривничко-крижевачка жупанија денеска е во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи соработката. Како што соопшти Општина Центар, жупанот Дарко Корен и градоначалниот Горан Герасимовски на работниот состанок ги разгледале можностите за размена на искуства во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови.

-Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанијата која се потпиша минатото лето е добра основа да соработуваме и влечеме искуства од нашите колеги кои повеќе од една деценија се дел од ЕУ. Нивната експертиза во доменот на европските фондови и користење на истите за производство на зелена енергија и проекти во доменот на образованието, културата и стопанството ни се добредојдени. Регионот мора да си помага, не само на центарлно, туку и на локално ниво, истакнал Герасимовски на работниот состанок со делегацијата од хрватската жупанија.

Жупанот Дарко Корен, се наведува во соопштението, истакнал дека односите мегу двете земји се на високо ниво, но во исто време мора да се зајакнуваат и врските меѓу локалните самоуправи.

-Децентрализацијата е европски тренд и мора да го следиме. Мораме и да ги споделуваме и европските искуства, особено во областа на енергетиката. Чистата и обновлива енергија е нешто кон што и ние како жупанија тежнеме и веќе длабоко сме навлезени во таа проблематика. Затоа сме овде денеска. Да соработуваме за да имаме регион кој енергетски ќе биде компатибилен со она што се случува сега во ЕУ, истакнал Корен.

Градоначалникот Герасимовски и жупанот Корен и хрватската делегација ги посетиле училиштата „Коле Неделковски“ и „Киро Глигоров“, како  градинката во изградба „Пролет“ каде се планира поставување  фотоволтаични централи. хс/дма/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан