• среда, 25 декември 2024

Делегација на Собранието учествуваше на конференција во Берлин

Делегација на Собранието учествуваше на конференција во Берлин

Скопје, 8 ноември 2023 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав од Арбер Адеми, претседател и Марија Петрушевска член на Комисијата за европски прашања денеска учествувше на Конференција на тема „Парламентарната димензија на Берлинскиот процес“, што се оддржува во Берлин, на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во Германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на Конференцијата, на која присуствувале парламентарни делегации на комисиите за европски прашања на земјите од Западен Балкан, а чие оддржување се поклопува со денот на објавувањето на годишните извештаи за напредокот на земјите од ЗБ, се потенцира потребата за вклучување на парламентите од ЗБ во Берлинскиот процес, но и потребата за забрзување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од ЗБ, како и на Украина, Молдова и Џорџија.

Претседателот на Комисијата, Адеми имаше обраќање во Првиот панел посветен на „ЕУ-Институционални реформи во однос на пристапувањето на земјите од Западен Балкан и улогата на Берлинскиот процес и неговата парламентарна димензија“, во кое се осврнал на придобивките и предизвиците, кои произлегуваат од Берлинскиот процес. Посочил дека Берлинскиот процес е важен за активно вклучување на парламентите во процесот, како корисна алатка за подигнување на нивото на политичка соработка и инфраструктурно и економско поврзување во регионот.

Адеми потсетил на нашиот евроинтегративен процес, направените реформи и склучените договори за промена на името на земјата со Грција, како и за добрососедство со Бугарија, и во тој контекст промената на методологијата за прием на земјите кандидати, која го пролонгира нашиот почеток на преговорите. Ја истакнал определеноста на Северна Македонија за евроатлантските интеграции како заедничка определба на сите политички партии и на целото граѓанство во земјата. Во таа насока ја нагласил посветеноста на земјата за реализирање на европските реформи, кои не се само за задоволување на ЕУ, туку пред се за граѓаните на земјата, кои бараат владеење на правото, независно судство и администрација, стабилна економија, оддржлива енергетска стабилност и друго.

Пратеничката Марија Петрушевска во рамки на панелот посветен на„Заедничкиот регионален пазар-слободно движење и признавање на квалификациите“ истакнала дека проширувањето со земјите од Западен Балкан треба да биде предвидливо и притоа билатералните прашања да не бидат вклучени во преговарачкиот процес, односно земјите кандидатки да имаат обврска да ги исполнат Копенхагенските критериуми и да имаат оддржливи реформи во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Во таа насока, ја нагласила важноста на постигнување на европските стандарди во сите полиња, вклучително и во економските параметри, со цел да се спречи одливот на младите од земјата.

Како што се посочува во собраниското соопштение, заедничка била заложбата на парламентарците да се подржи парламентарната димензија на Берлинскиот процес и во тој контекст, било истакнато дека тој претставува инклузивна можност за регионална соработка на земјите од ЗБ во области од интерес за граѓаните. Притоа, биле истакнати бенефитите за граѓаните со ратификуваше трите договори за мобилност: договорите за признавање на високобразовните квалификации, потоа за професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите како и за слободно движење со лични карти.

Во рамките на Конференцијата излагања имале претставници на Експертската француско-германската група, која го изработила Извештајот за институционални реформи на ЕУ, а кои се во насока на реализирање на потребните промени во ЕУ, со кои Унијата ќе се прилагоди на новите предизвици во иднина .Притоа, појаснија дека потребни се промени во институционалното одлучување во ЕУ, со цел едногласното одлучување за одредени прашања да биде заменето со квалификувано мнозинство, за да не се блокираат процесите со вето. На Конференцијата било истакнато дека има и предлози за прилагодување на Унијата за нејзино функционирање со идните земји членки. Било посочено дека во 2030-та година, ЕУ би требало да биде институционално подготвена да фукционира со 35 земји или повеќе.

На Конференцијата обраќања имаше и д-р Сторму Аника Милднер, извршен директор на Аспен институтот, која истакнал дека Аспен е вклучен во БП и дека регионот е централен дел на Европа, кој е важен за стабилноста на Европа, и дека проширувањето треба да продолжи бидејќи е во заеднички интерес.фф/са/

Фото: Комисија за европски прашања

Остани поврзан