• понеделник, 23 декември 2024

Делегација на МВР на Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024“ во Истанбул

Делегација на МВР на Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024“ во Истанбул

Скопје, 22 октомври 2024 (МИА) – Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од заменикот министер за внатрешни работи, Астрит Исени, и помошникот министер за односи со јавност, Мухамед Исмаиљи, е во посета на реномираниот Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024“ во Истанбул, информираат од МВР.

Во рамките на саемот, како што дополнуваат, делегацијата на МВР ќе оствари работни средби со претставници на познати турски компании со наменско производство од областа на одбраната и безбедноста и ќе се запознае со најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста и одбраната, стои во соопштението од МВР.

- Стратешка определба на новото раководство на министерството е унапредување на процесите како дигитализација на македонската полиција и услугите кои МВР ги нуди кон граѓаните и унапредување на техничко-технолошката опременост со најновите достигнувања во индустријата со цел поефикасна борба со сите видови криминал и унапредување на безбедноста на сите граѓани, велат од МВР.

На саемот присуствува и делегација од министерството за одбрана предводена од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, заедно со Началникот на генералштабот, Сашко Лафчиски. ар/нд/

Фото: МВР

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан