Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба
- СООПШТЕНИЕ - Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Сајкоски положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба.

Скопје, 23 октомври 2024
По повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба денес повеќе делегации од ВМРО-ДПМНЕ положија цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба.
Цвеќе положија делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски, делегација на пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, делегација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Пандов и делегација на Унијата на ветерани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.