• понеделник, 23 декември 2024

Делегација на БJБ предводена од директорот Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција (IACP)

Делегација на БJБ предводена од директорот Јанев учествува на Меѓународна асоцијација на шефови на полиција (IACP)

Скопје, 19 октомври 2024 (МИА) - Македонска делегација предводена од Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев, во присуство на Мајкл Маки, полициско аташе за ICITAP при Амбасадата на САД во Скопје, од денеска до 23 октомври учествува на Годишната конференција на Меѓународната асоцијација на шефови на полиција (IACP), водечка организација која е фокусирана на унапредување на полицијата и безбедноста на глобално ниво, што се одржува во Бостон, Масачусетс, Соединетите Американски Држави. 

На оваа конференција полициски лидери, службеници и експерти од разни држави од светот ќе имаат можност да разменат најдобри практики, иновации и стратегии за справување со предизвиците во секојдневното полициско работење.

- Ваквиот пристап на соработка е значаен за унапредување на безбедносните практики и размена на искуства, зајакнувањето на капацитетите на полицијата. Преку запознавање со специфичностите и предизвиците со кои се соочува полицијата во САД, но и останатите полициски служби во светот, учесниците ќе имаат можност да добијат клучни информации за методологијата за справување со истите. Конференцијата нуди одлична можност за градење нови партнерства, воспоставување на идни проекти и иницијативи, соопштија од МВР.

Во текот на конференцијата, македонската делегација ќе присуствува на повеќе настани, а најавени се и средби со менаџментот на ИЦИТАП, федерални обвинители и повеќе директори на полиции и шефови на делегации. цр/

Фото: МВР

 

Остани поврзан