• понеделник, 23 декември 2024

Дебата на ИДСЦС: Потребна поактивна улога и поголем ангажман на ЕУ за земјите од Западен Балкан

Дебата на ИДСЦС: Потребна поактивна улога и поголем ангажман на ЕУ за земјите од Западен Балкан
Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) - Наместо измислување на поединечни критериуми специфични за Западниот Балкан, потребно е да се цели кон тоа земјите во регионот да бидат вклучени во постоечките механизми на ниво на Европската Унија, со цел да се утврди кое е нивото на спремност на овие земји визави државите на ЕУ. Потребен е поголем ангажман на ЕУ во однос на земјите од Западен Балкан за да се постигне значителен успех. Ова се дел од заклучоците од денешниот настан организиран од  Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Политикон мрежата (ПИН) и Центарот за современа политика (ЦСП), на тема „Зајакнување на владеењето на правото на Запад Балкан: Стари алатки за нови правила? “. Јована Маровиќ, извршен директор на Политикон мрежата, на дебатата посочи дека кога Европската Унија се обидува да ги унапреди правата на Западниот Балкан воглавно се фокусира на усвојување и претставување на нови документи. Како што рече, постојат инструменти кои се карактеристични за овие четири земји - Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, а целта беше да се види кои се научените лекции и дали тие инструменти можат да имаат и одредени користи. Во однос на состојбата во Црна Гора, која е во процесот на преговори за влез во ЕУ, Маровиќ рече дека конкретно оваа држава се соочува со проблеми во правосудтсвото, односно постои блокада поради промената на власта по 30 години. - Во Црна Гора конкретно имаме проблем со правосудството, односно имаме блокада со оглед на тоа што ја сменивме власта после 30 години. Блокада во самото правосудтсво е токму заради силно влијание од страна на претходната власт. Постои проблем во тоа што се ставаат одредени лица на важни позиции во судството. Од страна на цивилниот сектор во Црна Гора беше критикувано и владеење на правото, бидејќи седниците беа затворени за јавноста, рече Маровиќ. Според Маровиќ, клучното прашање е дали Европската Унија се уште сака да ги интегрира земјите од Западен Балкан, бидејќи како што посочи моќта на ЕУ  во моментов е слаба и недоволна за да го унапреди владеењето на право и самата демократија во земјите од Западниот Балкан. - Токму поради таа неможност да се остварат резултати, имаме цела палета на одредени алтернативни нонпејпери, кои повикуваат на интеграција и создавање на нови граници, поинакви облици, и се поставува прашање дали ова е резултат дека ЕУ не е доволно инволвирана на терен, рече Маровиќ. Таа посочи оти би сакала да се види поголем ангажман на ЕУ, за земјите од Западниот Балкан, а со сите овие методологии и инструменти не може да се постигне значителен успех доколку не постои засилен мониторинг, поактивна улога и пружање на експертиза за овие земји од страна на ЕУ, но и од државите членки на Европската Унија, бидејќи токму тие најчесто го блокираат процесот на проширување. - Од една страна ја имаме Европската Унија која не е доволно ангажирана, а од друга страна политички елити кои ја користаат оваа пасивност на ЕУ да на некој начин само го одржуваат процесот во живот, бидејќи го немаат тој луксуз да се откажат од него. Според Маровиќ, позитивно е што во државите од Западен Блакан се создаде одреден талас на промени, по пат на избори. Таа додаде дека и покрај лоши услови за одржување на избори, сепак се случија одредени промени на Западен Балкан. - Најпрво се случија избори во Црна Гора во август минатата година на локално ниво, потоа во Босна и во Косово на почетокот на оваа година и тоа покажува дека расне свеста кај граѓаните дека промените се можни, по пат на избори, и дека власта може да се смени и кога постои рамноправна политичка игра, и таа колективна свест е нешто што покренува промена на Западниот Балкан, појасни Маровиќ. Според неа, радува и мирна транзиција на моќ и власт во Црна Гора, и тоа, како што рече, покажува дека постои демократија, само граѓаните треба поактивно на учествуваат и да ги поттикнуваат овие промени. Фросина Тасевска, државен секретар во Министерството за правда на денешната дебата посочи дека како држава сме постигнале многу, во споредба со некои држави членки на Европската Унија. Како што рече таа, самиот правосуден систем е најкомплексен во однос на организацијата на државната власт, имајќи предвид дека во неа се прекршуваат влијанијата и функциите на сите гранки на власта. - Комплексноста на правосудниот систем подразбира дека реформата на тој систем ќе биде на подолги поатеки, долгороречен потфат, чија крајна цел е современо, ефикасно и независно судство како усогласено со стандардите на европското опкружување. Таа потсети дека во 2015 година во извештајот на Прибе од страна на група експерти беше потенциран недостаток на владеење на правото, кулминирајќи со јасно нотирање и именување на Северна Македонија како заробена држава. - Се нотираше недостаток на политичка волја, политизација на судството, недоверба во институциите, судскиот систем, висок степен на корупција, кршење на човековите права. Овие наоди беа дел од извештајот на меѓународни арбитери и на Европската Комисија. Затоа препорака за отпочнување на преговорите во два наврати 2015/16 година, беше условена и доведена во прашање, додаде Тасевска. Како што рече таа, подоцна се јави потреба од преземање на крупни реформи вон областа на владеење на право и фундаменталните права. - Беше утврдена и законска рамка која обезбедува поефикасно работење на судовите, донесени беа исклучително важни закони за правосудтсвото, измените на законот за судови, новиот закон за судски совет, за зајакнување на ефикасноста беа донесени измени на законот за извршување, закон за јавно обвинителство, со цел спроведување на ефикасни и праведни постапки. Донесовме една лепеза од повеќе од 30 закони, во итнензивен период од две години, појасни Тасевска. Според Тасевска, потврда за овие постигнати резултати се и чистите препораки за отпочнување на преговорите дадени од страна на Европската Комисија во 2019/20 година, каде напредокот на владеење на право беше најдобро оценет во споредба со останати држави од регионот. Никола Буразер од Центар за современа политика, претставник од Србија на дебатата посочи дека новата методолија не е настаната заради тоа што Северна Македонија и Албанија не си ги извршуваат добро задачите, туку поради тоа што се покажа дека Србија и Црна Гора како држави кои се во процесот на преговори, не си ги извршија добро своите задачи. Затоа, според Буразер, се појавија нови механзими и нова методолгија - Овој месец излезе нонпејпер за Србија кој претставува корисен иснтрумент за да се покаже што се случи од формирање на новата влада, и служеше да се одлучи дали Србија е подгвотвена да отвори ново поглавје за преговори. Тоа најверојатно нема да се случи, значи државите членки не се многу задоволни во однос на напредокот на Србија. Овие извештаи и нонпејпери се далеку од соврешен инстрмент, имаат високи критериуми а не ги тангираат теми поврзани со демократијата и изборниот процес, кои се најголем проблем кај граѓаните во Србија, додаде Буразер. бт/сп/

Остани поврзан