• недела, 28 јули 2024

Дебата за ефектите од примената на Законот за инспекциски надзор

Дебата за ефектите од примената на Законот за инспекциски надзор
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - НВО Инфоцентарот заедно со партнерските организации - Регионален центар за соработка „Спектар“ од Крива Паланка и Центарот на заедницата на општина Струга денеска организира дебата посветена на придобивките и предизвиците за локалните инспектори од примената на Законот за инспекциски надзор (ЗИН), донесен во 2019 година. Ќе се дискутира за промените што овој закон ги предизвика за локалните инспекциски служби, за неговите добри страни, но и за недостатоците односно за предизвиците со кои се соочуваат локалните инспектори при неговата примена. -Од дискусијата се очекува да произлезат конкретни предлози за измени на ЗИН и други потребни чекори за зајакнување на локалните инспекциски служби, нивната независност, ефикасност и компетентност. На дебатата ќе бидат претставени и наодите од анкетата спроведена во периодот од 7 до 21 јуни 2022 година, на која учествуваа 96 општински инспектори и раководители на општински инспекциски служби, соопштија организаторите. Настанот се организира во рамки на проектот „Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните“ и е поддржан од програмата „Цивика мобилитас“. хс/мд/  

Остани поврзан