• вторник, 24 декември 2024

Дебата во Гостивар: „Учи паметно, работи стручно“

Дебата во Гостивар: „Учи паметно, работи стручно“

Гостивар, 9 февруари 2023 (МИА) - Секторот за образование при општина Гостивар, во соработка со Министерството за образование и наука, денеска спроведе дебата како дел од кампањата за социјален дијалог под мотото „Учи паметно, работи стручно“. Целта на дебатата е да се придонесе во подобра информираност и зголемување на бројот на паралелки за дуално образование во средните стручни училишта и вклучување на стручниот кадар од компаниите во гостиварската општина.

Дуалното образование се одвива во три општински средни училишта напомена раководителката на секторот, Аслијан Снопче напомена и додаде дека дуалното образование во Гостивар започна да се спроведува од 2019 година преку соработката на средното техничко училиште и ЕВН.

- Тенденцијата е да се понуди обучен кадар за пазарот на трудот. Вреди да се спомене дека во последните три години е зголемен интересот за стручните училишта во Гостивар, а со тоа на пазарот на трудот се нудат повеќе стручни кадри. Се надевам дека и пралелките од фармација догодина ќе имаат свое место во оваа програма, рече Снопче.

Пред наставниците и претставниците на образовни институции и бизнис секторот се обрати и градоначалникот Арбен Таравари, кој апомена дека денешното општество кое постојано се развива и станува конкурентно, затоа рече тој, знаењето е моќ

- Да се има соодветни вештини и образование е од суштинско значење за успехот. Континуирано работиме за да нашите деца имаат што подобри услови во стручните училишта и да бидат подготвени за пазарот на трудот, напомена меѓу другото градоначалникот Таравари.

На дебатата имаше и презентации за проектот од економското, медицинското и техничкото училиште, како и фирмите партнери во активностите.

Кампањата за социјален дијалог „Учи паметно, работи стручно“ е поддржана од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија и стопанските комори во земјава. згм/дма/

Остани поврзан